
„Фруктал“ се договори со заедницата на овоштарите за цената за годинешниот откуп на праски. Основната откупна цена изнесува 22 центи за килограм.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Фруктал" се договори со заедницата на овоштарите за цената за годинешниот откуп на праски. Основната откупна цена изнесува 22 центи за килограм.

Минатата година, основната откупна цена по килограм праски беше над пазарната цена за тоа овошје во соседните земји, нагласија од „Фруктал". И годинава, основната цена би требало да биде повисока за околу 40 отсто.
Компанијата, која досега според договорот, треба да откупи од 1.000 до 1.200 тони праски, се одлучила за повисока цена за да ги поттикне производителите за обнова на постојните насади.
Откупната цена за сортата „випавска праска" ќе биде повисока, односно ќе изнесува 28 центи за килограм. За другите сорти, компанијата ќе плати за 15 отсто повисоки цени од моменталните цени на овошјето на меѓународниот пазар.
И годинава, „Фруктал" ќе откупува праски од локалните овоштари од Випавската Долина, од кои се произведуваат три напивки: сокот Fructal Natura 100% Vipavska breskev, нектаротFructal Superior Vipavska breskev и ледениот чај Fructal Vipavska breskev.