
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Вчера беше претставена новата инвестиција во вредност од три милиони евра, колку што вреди линијата за полнење на сокови што „Фруктал“ ја купи од „Тетра Пак“. Во прашање е линијата Tetra Edge со нова, сменета верзија на амбалажи за соковите. Истовремено е претставен и новиот сок од праска Natura од Випавска долина.
Вчера беше претставена новата инвестиција во вредност од три милиони евра, колку што вреди линијата за полнење на сокови што „Фруктал" ја купи од „Тетра Пак". Во прашање е линијата Tetra Edge со нова, сменета верзија на амбалажи за соковите. Истовремено е претставен и новиот сок од праска Natura од Випавска долина.
Новата технологија Tetra Pak Edge, што „Фруктал" меѓу првите во светот ќе им ја понуди на своите купувачи, претставена беше од страна на директорот на „Нектар" Бојан Радун и директорот на „Тетра Пак" Ола Елмквест. Многу сме задоволни од постигнатите резултати. Веќе петнаесет години соработуваме со „Нектар". Во регионот сме присутни веќе 50 години, а 25 години соработуваме со „Фруктал", кажа Елмквест.
Го враќаме „Фруктал" на патот на старата слава. Новата линија ќе ни овозможи и некои нови производи. Последната инвестиција беше реализирана во 2008 година. Што се однесува на новото, мало пакување на нашите производи, тоа овозможува и гарантира подобар квалитет, а на купувачите им овозможува да уживаат во својот пијалак додека патуваат, додека одат итн., изјави Радун.
Говорејќи за изворите на инвестицијата за нова технологија, тој објасни дека опремата за производство ќе ја отплаќа на три рати, а дел од капиталот доаѓа од сопствени извори, нагласувајќи дека компанијата за оваа инвестиција нема подигнато кредит.
Компанијата „Нектар" ја претстави и соработката со локалните произведувачи на праски. Во прашање се нови сокови Natura 100% Виповска праска во стаклена амбалажа и Nektar Виповска праска под брендот Fructal Superior во амбалажа тетра пак.
| Во „Фруктал" задоволни од работењетоПоради значително помала задолженост, синергијата со „Нектар" крајот на годината треба да ѝ донесе на компанијата профит од два милиона евра, кажа Радун. Според неговите прогнози, „Фруктал" очекува ист доход како и минатата година, во износ од 51 милион евра, но поголем профит. |