
Енергетските барови на компанијата „Фруктал“ наскоро ќе бидат достапни во 200.000 продавници во Италија, благодарение на договорот што оваа компанија го потпиша со италијанскиот дистрибутер „Долчиталија“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Енергетските барови на компанијата „Фруктал" наскоро ќе бидат достапни во 200.000 продавници во Италија, благодарение на договорот што оваа компанија го потпиша со италијанскиот дистрибутер „Долчиталија".
Компанијата „Долчиталија", која се занимава со производство и дистрибуција на кондиторски производи и пијалаци, ќе биде ексклузивен дистрибурер на енергетските барови Frutabelaна „Фруктал" и на чоколадата Merciи карамелите Werther's на германската компанија „Шторк".
Како резултат на постигнатиот договор, италијанските потрошувачи ќе имаат можност да купуваат одбрани производи во продажните центри и во специјализираните продавници, со гарантирани квалитет и свежина.
„Долчиталија" е еден од водечките дистрибутери за слатка програма на италијанскиот пазар, кој, според одредени проценки, има пазарен удел од 30 отсто. Синџирот опфаќа повеќе од 170 дистрибутери-соработници, кои снабдуваат повеќе од 200.000 продажни места, со помош на 1.000 агенти за продажба.