
„Фруктал“ се обврза дека ќе го откупи целото понудено количество праски, во договор со Земјоделската задруга Випава.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Фруктал" се обврза дека ќе го откупи целото понудено количество праски, во договор со Земјоделската задруга Випава.
Основната откупна цена изнесува 20 центи по килограм, што е 15% над пазарната вредност. Цената на праските, што се составен дел од производите на „Фруктал", изнесува 28 центи по килограм, соопштија од „Фруктал".
Додатокот од 8 центи произлегува од заедничкиот проект „Випавска бресква", што „Фруктал" и Земјоделската задруга Випава го воведоа во септември минатата година со производот Fructal Natura 100% Vipavska breskva.
Сетот беше проширен и со Fructal Superior Vipavska breskva, т.е. со ледениот чај Vipavska breskva. Како што е наведено во соопштението, овој бренд беше воведен за поддршка на локалната индустрија. Тоа беше наградено од страна на потрошувачите, со тоа што продажбата на тие производи ги надмина очекувањата.