
Минатата недела „Фруктал“ испрати три камиони со помош во најзагрозените поплавени области. Групацијата „Нектар“ заедно со „Фруктал“ донираше производи во вредност од 100.000 евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Минатата недела „Фруктал" испрати три камиони со помош во најзагрозените поплавени области. Групацијата „Нектар" заедно со „Фруктал" донираше производи во вредност од 100.000 евра.
Кон помошта се придружија и вработените на „Фруктал" и „Нектар", со донирање на основни животни продукти и со доброволна помош на терен. Словенечкиот „Фруктал" е поврзан со Црвениот крст во тузланскиот кантон. Од фабриката на „Фруктал" од Македонија кон Србија исто така тргнаа два камиона со сокови.
Преку социјалната мрежа „Фејсбук", „Фруктал" ги повикува сите заинтересирани да се придружат кон хуманитарната акција за помош на жртвите од поплавите во Хрватска, БиХ и Србија.