
Компанијата „Фрукта трејд“ го отвори 23. малопродажен објект „Супер Корт“ во Козарац, на површина од 1.000 м².
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Фрукта трејд" го отвори 23. малопродажен објект „Супер Корт" во Козарац, на површина од 1.000 м².
Центарот се наоѓа покрај магистралниот пат Бања Лука – Приедор.
Во рамките на „Супер Корт" функционира кафе-ресторан, детска игротека и повеќе од 200 паркинг-места. Планирано е вработување на 30 луѓе, што дополнително ќе го зголеми бројот на вработени во компанијата, кој во моментот е поголем од 700 луѓе.
Објектот е изграден во согласност со највисоките стандарди од областите на трговија и на градежништво и е опремен со најсовремена опрема која овозможува полесно, побрзо и посигурно управување со храната, изјавуваат од компанијата.