
Фабриката за преработка на зеленчук „Фригло“, која во својата понуда има повеќе од десет видови зеленчук, го проширува асортиманот со овошје.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Фабриката за преработка на зеленчук „Фригло", која во својата понуда има повеќе од десет видови зеленчук, го проширува асортиманот со овошје.
Фабриката која ги снабдува малопродажните објекти и хорека секторот, освен зеленчук, во својот асортиман ќе нуди и овошје: малини, цреши и јагоди, како и овошен микс од јагоди, малини, цреши и црвени рибизли.
„Фригло", со капацитет од над 15.000 тони длабоко смрзнати производи и ладилник со капацитет од 7.200 тони, се простира на површина од 15 хектари. Основана е во 2016 година, а со работа почнува во мај 2017 година.