
Со потпишување договор на почетокот на оваа година, „Франк“ стана рамноправен член во „Интернационал кофи партнерс“ (ИКП) со седиште во Хамбург, каде што се собрани водечките европски произведувачи и трговци на кафе.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Со потпишување договор на почетокот на оваа година, „Франк" стана рамноправен член во „Интернационал кофи партнерс" (ИКП) со седиште во Хамбург, каде што се собрани водечките европски произведувачи и трговци на кафе.
Целта на ИКП е зајакнување и нудење поддршка на малите одгледувачи на кафе, со што ќе се овозможи зголемување на приносот, подобар квалитет, поголема конкурентност и подобрување на условите. Како и сите партнери на ИКП, и „Франк" активно е вклучен во реализацијата на проектот, овозможувајќи финансиска и советодавна поддршка.
Во „Франк" сме свесни за својата улога и одговорност, што со себе повлекува статус на водечки производител на кафе на хрватскиот пазар, поради што особено сме насочени кон квалитетот на суровините и одржливоста на целокупниот синџир за набавка и производство. Горди сме што сме во друштвото на најсилните европски компании, истакна Иван Артуковиќ, управен член на „Франк".
ИКП е непрофитна иницијатива, односно друштво што беше основано во 2001 година одводечките европски произведувачи и трговци со кафе: „Паулинг" од Финска, „Луфбергс Лила" од Шведска, „Лаваца" од Италија, „Неуман кофи група" и „Чибо" од Германија. „Јох. Јохансон кафе" од Норвешка се придружи во 2011 година, а „Франк" во 2014 година.