
„Франк“ и „Адриа снек компани“ го стекнаа меѓународниот сертификат ИФС.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Франк" и „Адриа снек компани" го стекнаа меѓународниот сертификат ИФС.
Сертификатот ИФС (International Featured Standard) на трговските синџири им гарантира еднообразен пристап и стабилност на гарантираните нивоа на квалитет и на сигурност на прехранбените приватни трговски марки. Сертификацијата потврдува дека двете компании го задоволуваат високото ниво на ускладеност со стандардот во фабриките во Загреб и во Херцеговац.
ИФС е гаранција за транспарентноста на целокупниот синџир на производство и испорака на производите од категориите кафе, чај и грицки, со акцент на сигурноста на храната, што е особено важно за производството на приватните трговски марки. Тоа е дополнителна потврда за извонредноста на производните процеси и за врвниот квалитет на производите, по кои „Франк" е добро познат, истакна Зденка Милиновиќ Бујан, директор за осигурување на квалитет.
На процесот на ревизија, кој го спроведе сертификациската куќа ДНВ, претходеа повеќемесечни подготовки.
Покрај сертификатот ИФС, „Франк" неодамна успешно ја помина и ревизијата според нормата ИСО 50001:2011, односно системот за управување со енергијата, со што ја усвои политиката за енергетска ефикасност (континуирано намалување на потрошувачката на енергија, емисијата на јаглероден диоксид и на загадувањето на околината). Исто така, компанијата ја стекна и сертификацијата за халал-квалитет, во согласност со нормата BAS 1049:2010. Од претходно, „Франк" ја применува нормата ИСО 22000:2005, како и начелата на HACCP.
Стандардот ИФС е меѓународна норма, која во 2002 година почнаа да ја практикуваат германските малопродажни синџири.