
Потпишан е купопродажен договор за преземање на брендовите мелени кафиња Santana и Loka меѓу „Иверо Трејд“, компанија поврзана со „Франк“, и „Меркатор ЕМБА“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Потпишан е купопродажен договор за преземање на брендовите мелени кафиња Santana и Loka меѓу „Иверо Трејд", компанија поврзана со „Франк", и „Меркатор ЕМБА".
Производството на Santana и Loka продолжува во погоните на „Меркатор ЕМБА" во Логатец во Словенија, а „Франк" ќе продолжи со вложување во квалитет и дистрибуција на производите, како и со понатамошна поддршка преку силно маркетиншко позиционирање на овие брендови.
Во согласност со развојната стратегија и богатото искуство во производство на кафе и производи на база на кафе, целта на „Франк" е да им понуди на словенечките потрошувачи поголем избор и конкурентна понуда. „Франк" ќе продолжи да ги развива и позиционира кафињата Santana и Loka заедно со постоечките брендови на оваа компанија кои во Словенија се препознаени според врвниот квалитет.
Интеграцијата на Santana и Loka во постоечкиот асортиман на „Франк" е во согласност со стратегијата за јакнење на работењето и унапредување на позицијата на компанијата на регионалните пазари.