
По успешно организирање на првиот FMCG самит во 2014 година во Белград, и многубројните во другите земји од регионот, повторно на едно место ќе се соберат клучните луѓе и експерти од секторот за стока за широка потрошувачка.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По успешно организирање на првиот FMCG самит во 2014 година во Белград, и многубројните во другите земји од регионот, повторно на едно место ќе се соберат клучните луѓе и експерти од секторот за стока за широка потрошувачка.
Магазинот InStore ве повикува да бидете дел од вториот FMCG самит во Белград, кој ќе биде одржан на 24 ноември во хотелот „Краун плаза".
Конференцијата нуди одлична можност за деловно вмрежување, стекнување на нови знаења и размена на искуства. Минатата година на конференцијата присуствуваа речиси 400 луѓе од 7 држави. За повеќе информации може да ја посетите официјалната веб-страница, каде што може да ги видите комплетната програма, темите и говорниците.
Свои примери на добра практика и трендови во индустријата ќе поделат еминентни претставници од трговските синџири, производители, дистрибутери и истражувачки агенции, како и реномирани претставници од ИТ секторот.
Со свои излагања ќе настапат: Катерина Јакшиќ, директор на „Ипсос стратеџик маркетинг" – Србија, Борислав Радојковиќ, директор на „Медиана", Јелена Ристиќ, претседател за маркетинг и стратегија во „Делез Србија", Саша Ќириќ, директор за маркетинг и развој во „Фриком", Горан Ковачевиќ, генерален директор на „Гомекс", Предраг Петровиќ, раководител за набавка и маркетинг на „дм дрогерие маркт", Александра Оливера Коричи, директор на „дм дрогерие маркт", Стеван Попевиќ, директор за продажба и маркетинг во „Нелт група", Љубомир Бабиќ, директор за брендинг во „Делта ДМД", Катерина Михајловиќ, директор на секторот за свежа храна во „Меркатор С", Андријана Булатовиќ, ЦСС груп акаунт менаџер за Србија, Црна Гора и Македонија во „Нилсен", Зенел Батагељ, претседател на „Валикон".
На тркалезната маса ќе учествуваат Андреј Беле, генерален директор, за Grand kafa во „Атлантик група", Споменко Џордан, комерцијален директор на „Универекспорт" и Андреј Двојченков, генерален директор на „Нилсен адриатик". Модератор на тркалезната маса ќе биде Милан Ќулибрк, главен и одговорен уредник на НИН.