
Компанијата „ФИС Витез“ најави проширување на продажниот капацитет во Сараево со отворање на нов продажен центар.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

Компанијата „ФИС Витез" најави проширување на продажниот капацитет во Сараево со отворање на нов продажен центар.
На 6.000 квадратни метри продажен простор, на купувачите ќе им биде на располагање поширок асортиман од вообичаеното, а новитет во понудата се и прехранбените производи.
Сараево заслужува подобра понуда и поубав асортиман за купување од оној што досега сме го нуделе. Веќе подолго време планираме да ги унапредиме своите услуги и еве конечно сè се поклопи. Сакаме да бидеме поблиску до своите купувачи, да им понудиме поголем избор при купувањето и да им понудиме дополнителни услуги што досега не сме ги имале, па се надеваме дека ќе бидат задоволни, изјави Томислав Тиболд, директор на продажниот центар ФИС.
Својата врата на новата адреса ФИС ќе ја отвори кон средината на март.