
Србија е следната земја на мапата на експанзија на италијанската компанија за транспорт и логистика „Феркам“. Од 1 август официјално почна да работи претставништвото во Србија, компанијата-ќерка „Феркам Белград“
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Србија е следната земја на мапата на експанзија на италијанската компанија за транспорт и логистика „Феркам". Од 1 август официјално почна да работи претставништвото во Србија, компанијата-ќерка „Феркам Белград".
Според директорот за транспорт на „Феркам", Хансјоерг Фалер, претставништвото во Србија има големи шанси за успешно работење и пораст
Сакаме да бидеме што поблиску до нашите клиенти во Европа, а сега и кон оние што го преселија своето производство во Србија. Нашата цел е со нашата флота и со партнерските компании да им понудиме стабилни транспортни услуги од Србија и од соседните земји. Во периодот што претстои ќе бидеме фокусирани на сувоземниот сообраќај, а во периодот потоа планираме да се посветиме на интермодалниот формат железници-пат, изјави Фалер.
Спроед компанијата, на добрите резултати на претставништвото во Белград позитивно ќе влијае и договорот за слободна трговија помеѓу Србија и Русија, кој, според очекувањата, ќе им овозможи зголемен извоз на земјоделски производи и храна.
„Феркам" е основана во Италија и има вкупно 89 експозитури, со 1.900 вработени, и 3.000 вработени во системот на парнерските компании, со годишен промет од околу 700 милиони евра.