
Минатата година за „Феравино“ заврши со значаен пораст на продажбата на вино, рече Жељко Јироуш, директор за продажба и маркетинг, а пренесува „Глас Славоније“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Минатата година за „Феравино" заврши со значаен пораст на продажбата на вино, рече Жељко Јироуш, директор за продажба и маркетинг, а пренесува „Глас Славоније".
Минатата година беше обележана со значаен успех. На меѓународното оценување на вино „Декантер" 2013, како и на меѓународниот натпревар „Сира д’ Монд" 2013, вината од Феричанци го потрврдија својот континуиран квалитет.
На лондонскиот „Декантер", светски вински натпревар, виното „Франковка Мираз", 2009 по вторпат, а „Сира Мираз" за првпат освоија бронзени медали. На седмото издание на „ Сира д’ Монд ", меѓународен натпревар за шира-вина, „Сира Мираз" 2009 освои сребрен медал.
Како што кажа Јироуш, „Феравино" и понатаму ќе учествува на светските вински настани, а целта е влез на нови странски пазари, што не се зафатени со кризата. Можност за продажба на своите поскапи производи, „Феравино" гледа во данскиот, кинескиот, англискиот, норвешкиот и јапонскиот пазар.
Последната година „Феравино" вложи повеќе средства во технологијата, лозјата и подрумите, што го зголеми квалитетот на виното.