
„Фама“ го отвори својот 27 објект во Хрпеље на улицата „Решка цеста“ бр. 43. Во продавницата инвестираше и општината, а барањето на локацијата траеше пет години.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Фама" го отвори својот 27 објект во Хрпеље на улицата „Решка цеста" бр. 43. Во продавницата инвестираше и општината, а барањето на локацијата траеше пет години.
Продавницата е со површина од 131 квадратен метар, со четворица работници, а располага со асортиман од 3.500 производи.
Како што беше најавено на отворањето, „Фама" ќе гради и во населбата Врхпоље, во Випавската долина.
Нашите продавници се доказ дека трендот на малите продавници повторно се враќа, изјави Александер Лемут, сопственик на „Фама Випава".
Трговското претпријатие „Фама" во првата половина од годината оствари продажба за 5% поголема од истиот период лани и покрај фактот што трговската дејност во тој период беше намалена за 2%.