
Трговскиот суд во Загреб, на 28 февруари годинава, на предлог од Владата на Хрватска го именува Фабрис Перушко за вонреден доверител на „Агрокор“, а за негов заменик е именувана Ирена Вебер.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот суд во Загреб, на 28 февруари годинава, на предлог од Владата на Хрватска го именува Фабрис Перушко за вонреден доверител на „Агрокор", а за негов заменик е именувана Ирена Вебер.
Станува збор за експерти кои и досега биле вклучени во работењето во концернот. Фабрис Перушко беше член на Управата на „Тисак" задолжен за финансии и реструктурирање, а Ирена Вебер беше на позицијата советничка на вонредниот доверител за несуштинските работења и за имотното портфолио. Поради ова, тие ќе можат во краток рок да го преземат водењето на постапките за вонредната управа и постигнувањето нагодба во согласност со постапките пропишани во Законот за постапка на вонредната управа во трговските друштва.
Претходно на позицијата вонреден доверител беше Анте Рамљак, кој даде неотповиклива оставка поради, како што беше истакнато, преголемиот притисок и напади врз него од Владата. Воедно, пред оставката, хрватските медиуми објавија дека неговата поранешна компанија „Тексо менаџмент" ѝ исплаќала на компанијата „Аликс партнерс" по 33.600 евра неделно за советување.