
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Фабриката за сточна храна во Спуж, која до неодамна беше под стечај, доби нов сопственик – фирмите „Агромонт“ и „Агроглоб“. Почната е реализација на инвестиција вредна 1,5 милиони евра, а првите испораки на сточна храна се очекуваат до крајот на годината.
Фабриката за сточна храна во Спуж, која до неодамна беше под стечај, доби нов сопственик – фирмите „Агромонт" и „Агроглоб". Почната е реализација на инвестиција вредна 1,5 милиони евра, а првите испораки на сточна храна се очекуваат до крајот на годината.

Производството на сточна храна ќе ги задоволи потребите на живинарската фарма во Мартиниќи, која исто така е сопственост на „Агрмонт". Сточната храна ќе биде достапна и за другите црногорски фарми.
Сопственикот на фармата на кокошки и косопственикот на фабриката на сточна храна „Агромонт" Божидар Јокиќ, изјави дека е предизвик да се обнови и осовремени производството во објекти што не функционирале со години. Тој објасни дека за половина година инвестирале 2,8 милиони евра и почнале со производство на јајца. Се очекува до крајот на годината дневно да се произведуваат повеќе од 85 илјади парчиња јајца и на тој начин ќе се покрие 40% од пазарот во Црна Гора.