
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Фабриката за масло „Геа“ од Словенска Бистрица во првата половина од оваа година, кога одбележа 110 години од постоењето, ги продаде своите производи за 12,2 милиони евра, што е за два отсто повеќе во однос на истиот период минатата година. Компанијата забележа добивка од 75.000 евра.
Фабриката за масло „Геа" од Словенска Бистрица во првата половина од оваа година, кога одбележа 110 години од постоењето, ги продаде своите производи за 12,2 милиони евра, што е за два отсто повеќе во однос на истиот период минатата година. Компанијата забележа добивка од 75.000 евра.
„Геа" е водечка фабрика за масло и една од најстарите во Словенија. Нејзините корени се од 1904 година кога Алберт Штигер основал фабрика за производство на масло од тиква. Фабриката оствари 80 отсто од продажбата на домашен пазар, додека остатокот го оствари на странските пазари, најмногу во Хрватска. Во ЕУ се извезува 16 отсто од производството. Освен Хрватска, главни пазари се Австрија и Германија. На странските пазари продадени се производи од речиси 2,4 милиони евра, што е 98 отсто повеќе од истиот период минатата година, покажуваат податоците од неревидираниот извештај.
Претседателот на управата Игор Хустиќ вели дека во првата половина од годината подобрено е работењето во однос на истиот период минатата година и дека им тргнало од рака да ги надминат резултатите од минатогодишната продажба, што управата го препишува на агресивниот пристап на сите пазари, а најмногу на балканскиот.
„Геа" ги произведува следниве брендови: Gea, Zvezda, Cekin и Sunčani cvet. Водечки производи се растителните масла, мајонези, салати, сосови, скиселен лук, маргарин и др.
На домашниот пазар, фирмата има поголем удел, а се позастапена е на пазарите во Европа (на прво место Русија). Освен тоа, „Геа" ги насочува плановите и кон пробивање на азискиот пазар – во Кина, Сингапур, Јапонија...