
Фабриката на „Нестле“ во белградската населба Сурчин од оваа година планира значајни заштеди и минимизирање на отпадот што настанува во процесот на производство и пакување.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Фабриката на „Нестле" во белградската населба Сурчин од оваа година планира значајни заштеди и минимизирање на отпадот што настанува во процесот на производство и пакување.
Со промената на дизајнот и димензиите на пакувањата на брендовите C и Maggi, фабриката за една година ќе ја намали потрошувачката за 61 тон хартија и за 6 тона пластика, соопштуваат од компанијата.
Како што се наведува во соопштението, глобалната политика на „Нестле", како дел од одржливоста, за приоритет го поставува континуираното намалување на обемот и тежината на амбалажата на производите, со што можат да се остварат значајни намалувања на количеството на отпадот. Заштедите ќе се постигнат со намалување на димензиите на пакувањето, но и со употребата на хартиен ламинат што побрзо се разградува во природата, наместо досегашните фолии за пакување на супите и додатоците во исхраната.
Промените на пакувањето на Začin Cсе состојат од отфрлање на зипер-затворачите, како и намалување на димензиите на фолијата. Тежината на пластичното пакување на Senf C, исто така ќе биде редуцирана што ќе влијае на намалувањето на потрошувачката на пластика, а со директното печатење на пакувањето ќе биде избегната и употребата на налепници. Со модифицирање на пакувањата и намалување на употребата на хартијата, за една година ќе бидат зачувани 15.250 квадратни метри шума, истакнуваат од компанијата.
Компанијата „Нестле" постојано се стреми кон подобрување на оперативната ефикасност и намалувањето на влијанието на животната средина. Во согласност со планот што го направи до 2020 година, планира во сите 150 фабрики во Европа да достигне „нулта точка на отпад". Тоа значи дека отпадот од ниту една фабрика нема да оди на депонија, туку ќе биде рециклиран и искористен за производство на енергија.
Како пример за вложувањата на „Нестле" во енергетската ефикасност и заштитата на животната средина се фабриките во Сурчин и во Стара Пазова, каде што се вложува во погоните за прочистување на технолошките и санитарните отпадни води и чистата вода се враќа во природата. Од 2012 година, потрошувачката на вода во Сурчин е намалена за повеќе од 60%, а компанијата вложи околу 5 милиони евра за подобрување на производните процеси во Србија, што е во согласност со високите стандарди за квалитет што компанијата ги применува во сите свои фабрики, соопштуваат од „Нестле".