
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Британската фирма „Њу бејкери“, најголема европска фабрика за баклава, вчера отвори погон во Лукавац, во близина на Велика Горица. Инвестицијата изнесува половина милион евра, а погоните, каде што вработени се дванаесет работници, зафаќаат површина од 1.000 квадратни метри.
Британската фирма „Њу бејкери", најголема европска фабрика за баклава, вчера отвори погон во Лукавац, во близина на Велика Горица.
Инвестицијата изнесува половина милион евра, а погоните, каде што вработени се дванаесет работници, зафаќаат површина од 1.000 квадратни метри.
„Њу бејкери" е британска инвестиција во Хрватска и пример дека странските инвеститори ја препознаа токму Хрватска како сигурна и стабилна земја за реализирање на инвестиција од ваков опсег, порача Ева Павиќ, потрпарол на „Њу бејкери".
Таа додаде дека „Њу бејкери" се надева дека ќе придонесе за подобрување на хрватската економија со својот извоз, што се планира да изнесува 95% од вкупното производство. Производите ќе бидат пласирани на западноевропските пазари, т.е. во земјите на ЕУ.