
Претпријатието „Евросад“, што постои од 1995 година и денес има 127 редовно вработени и 500 сезонски работници, е наградено со деловна „Газела“, што ја доделува словенечкиот весник „Дневник“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Претпријатието „Евросад", што постои од 1995 година и денес има 127 редовно вработени и 500 сезонски работници, е наградено со деловна „Газела", што ја доделува словенечкиот весник „Дневник".
Од компанијата наведуваат дека особено внимание посветуваат на усовршувањето на своите вработени. Горд сум што нашата компанија расте, а мислам дека една од главните причини за тоа е постојаното усовршување кон кое се стремиме, поради што имаме намера да отвориме академија, специјално за InStore вели Боштјан Козоле, директорот на компанијата.
Откако со своето овошје, меѓу кое предводи сортата „Гала", се пробија на скандинавскиот и англискиот пазар, во Русија и во Источна Европа, „Евросад" минатата година почна да извезува и во Дубаи. Како што наведуваат од компанијата, минатата година направиле обрт на средства од 8.601.000 евра, од кои на извозот му отпаѓаат околу 60%.