
Во местото Козина, денес беше отворен новиот трговски центар „Еуроспин“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во местото Козина, денес беше отворен новиот трговски центар „Еуроспин".
Инвеститор на објектот, во чиишто рамки работи маркетот „Еуроспин" и уште неколку помали продавници, е локалниот бизнисмен Макс Година.
Ова е 47. продавница на италијанскиот дисконтер во Словенија. Се простира на вкупна површина од 1.122 квадратни метри, од кои 825 квадратни метри се продажна површина и располага со четири наплатни каси. За услугата се грижи тим од осуммина вработени. Асортиманот на новиот „Еуроспин" го сочинуваат 1.500 производи, а маркетот располага и со сопствена месарница и пекарница.
Минатата фискална година, „Еуроспин" со приходите се проби на листата на 250 најголеми трговски синџири. На ниво на целата групација, дисконтерот, кој има продавници само во Италија и во Словенија, во 2015 година достигна приход во висина од 4,8 милијарди евра.