
Кон крајот на 2017 година „Кауфланд“ доби сертификат ISO 50001 со кој специјализираната агенција ДЕКРА службено потврди дека овој меѓународен трговски синџир воведе современ систем за управување со енергијата.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Кон крајот на 2017 година „Кауфланд" доби сертификат ISO 50001 со кој специјализираната агенција ДЕКРА службено потврди дека овој меѓународен трговски синџир воведе современ систем за управување со енергијата.
web.jpg>)
Освен што трговецот минатата година, со повеќе хуманитарни активности покажа дека е општествено одговорна компанија, големо внимание посветува на заштита на околината и на климата.
Со помош на посебен систем на управување се следат енергетските текови на сите продавници на „Кауфланд", како и на логистичкиот центар и на управната зграда. На тој начин компанијата ги препознава потенцијалите и континуирано ги следи успешно воведените мерки за заштеда на енергијата.
Исто така, поставени се два е-полнача на паркинзите на две продавници „Кауфланд" во Загреб. Тие се достапни 24 часа, седум дена во неделата и се бесплатни, не само за купувачите во „Кауфланд", туку за сите корисници на електрични автомобили.
Во текот на 2018 година планирана е изградба на соларна натстрешница на паркингот на една продавница. Таа би зафаќала површина од повеќе од 100 паркинг-места, а со енергијата добиена со помош на соларните панели ќе се снабдува и продавницата.
Со овој систем годишно ќе заштедиме струја која во ист период би ја потрошиле 60 хрватски домаќинства, а намалувањето на емисиите CO2 ќе достигне 109 тони годишно, објасни раководителот на корпоративните комуникации Марија Франиќ.