
Трговскиот синџир „Шпар“ соопшти дека планира во следните неколку месеци да отвори четири нови супермаркети во Албанија, во градовите Корча, Елбасан, Леж и во Тирана.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Шпар" соопшти дека планира во следните неколку месеци да отвори четири нови супермаркети во Албанија, во градовите Корча, Елбасан, Леж и во Тирана.
Во состав на мрежата на „Шпар", кој е присутен на пазарот во Албанија една година, во моментов работат три хипермаркети „Интершпар" (Interspar) и 23 супермаркети од форматот „Шпар" (Spar).
Минатата година лиценцата за „Шпар" за Албанија ја доби компанијата „Алмарк", чиј сопственик е балканскиот инвестициски фонд „Балфин".
Групацијата „Балфин" најави дека планира да инвестира повеќе од 50 милиони евра за проширување на мрежата трговски објекти на „Шпар" во земјата. Според најавите, групацијата планира да отвори повеќе од 100 супермаркети и 10 хипермаркети, водени од амбицијата „Шпар" да прерасне во најголем трговски синџир во земјата.
Трговските објекти на „Шпар" на потрошувачите во Албанија им нудат широк избор производи со потекло од Германија, Австрија, Италија и од Холандија.