
„Подравка“ е во ексклузивни преговори за преземање на 51% удел во љубљанскиот „Жито“, неофицијално дознава весникот „Финансе“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

„Подравка" е во ексклузивни преговори за преземање на 51% удел во љубљанскиот „Жито", неофицијално дознава весникот „Финансе".
Конзорциумот на сопственици го повика хрватскиот концерн на ексклузивни преговори, што сугерира дека „Подравка" е најсериозниот кандидат за преземање на словенечката пекарска компанија.
Како што неофицијално пренесува „Екапија", цената на акциите изнесува околу 160 евра, но преговорите сè уште траат, што значи дека тоа не е конечната цена.
Пред неколку дена, во медиумите се појави информација дека, освен „Подравка", за преземањето на „Жито" се заинтересирани и „Дон дон", како и француската компанија „Ардиан инвестмент". Претходно се споменуваше и „Франк", но оваа компанија очигледно не успеа да го откупи конзорциумот за преземање на словенечката пекарница.
Расплетот на продажбата на „Жито" во голема мера ќе зависи од „Меркатор", односно од „Агрокор". Имено, преку „Меркатор", „Жито" остварува значителен дел од продажбата, па очекувано е идниот сопственик пред преземањето да сака да го осигура продолжувањето на соработката.