
Непрофитната компанија „Екопак“ официјално стана членка на организацијата „Про Јуроп“. Со ова членство „Екопак“ на своите клиенти ќе им овозможи да го користат симболот „зелена точка“ на својата амбалажа.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Непрофитната компанија „Екопак" официјално стана членка на организацијата „Про Јуроп". Со ова членство „Екопак" на своите клиенти ќе им овозможи да го користат симболот „зелена точка" на својата амбалажа.
„Зелената точка" е меѓународно признаен и заштитен знак, кој на секое поединечно парче амбалажа означува дека за таа амбалажа е платен надомест на овластениот оператор со системи за амбалажен отпад, а функционира во согласност со принципите дефинирани со Директивата 94/62 на Европската унија наменета за амбалажа и амбалажен отпад.
Договорот со којшто е официјализирано членството го потпишаа директорот на организацијата „Про Јуроп", Урсула Денисон, и директорот на „Екопак", Амела Хрбат.
Воспоставувањето на системот за собирање и рециклажа на амбалажниот отпад во БиХ се почна за да се исполнат целите од Правилникот за управување со амбалажа и со амбалажен отпад, истакна Хрбат, додавајќи дека „Екопак" моментално опфаќа 350 компании што заедно сочинуваат дел од европскиот систем за рециклажа.
Основачи на „Екопак" се „Кока Кола Хеленик", „Бимал", „Бихаќка пивара", „Бањалучка пивара" и „Аргета", а на групацијата брзо ѝ се приклучија и „Виолета" и „Орбико".