
Во првото тримесечје од оваа година (јануари - март) во Босна и Херцеговина е забележан скромен економски пораст, покажуваат податоците од Дирекцијата за економско планирање на БиХ.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во првото тримесечје од оваа година (јануари - март) во Босна и Херцеговина е забележан скромен економски пораст, покажуваат податоците од Дирекцијата за економско планирање на БиХ.
Важен напредок во дадениот период, како што соопштуваат во дирекцијата, е остварен во доменот покриеност на увозот на стока со извозот од 56,5 отсто, што е повеќе во однос на истиот период во 2012 година (51,7 отсто). Ова, како што се наведува, е резултат на стагнацијата на увозот на стока и порастот на вредноста на извозот за 9,7 отсто во однос на истиот период минатата година.
Зголемувањето на извозот во првото тримесечје доведе до пораст на преработувачката индустрија за 9,7 отсто, што има централна улога во вкупната економија во БиХ.
Сепак, покриеноста на увозот на стока постепено се намалувала од месец во месец, така што во март достигна најниска вредност од 53,3 отсто, што е за 6 отсто пониско во однос на јануари. Падот на покриеноста во март е резултат на стагнацијата на извозот на стока, наспроти падот на вредноста на увозот на стока за 13 отсто, наведено е во соопштението.