
Компанијата „Карнекс“, што работи во рамки на групацијата „МК Груп“ соопшти дека доби сертификати за заштита на животната средина (ИСО 14001:2004) и за безбедност и здравје на работа (ОХСАС 18001:2007).
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Карнекс", што работи во рамки на групацијата „МК Груп" соопшти дека доби сертификати за заштита на животната средина (ИСО 14001:2004) и за безбедност и здравје на работа (ОХСАС 18001:2007).
Како што истакнуваат од компанијата, овој сертификат дополнително ја потврдува еколошката ориентација и високите стандарди на работење, чија имплементација претставува уште еден чекор кон добивање на највисоката еколошка дозвола „Интегрирана дозвола за спречување и контрола на загадувањето на животната средина" (ИППЦ).
Интегрираната ИППЦ дозвола е гарант дека производството во „Карнекс" се одвива по највисоки еколошки стандарди. Истовремено, ова е и сугурност за локалната заедница, дека компанијата води сметка за животната средина, односно се грижи сите емисии да бидат сведени на прифатлив минимум, изјави директорот Владимир Новаковиќ.