
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Еден од водечките големопродажни синџири „Метро кеш & кери“ на своите купувачи во Србија им овозможи нов асортиман со специјално и егзотично свежо овошје, зеленчук и зачини што се наменети за најпребирливите љубители на гастрономијата.
Еден од водечките големопродажни синџири „Метро кеш & кери" на своите купувачи во Србија им овозможи нов асортиман со специјално и егзотично свежо овошје, зеленчук и зачини што се наменети за најпребирливите љубители на гастрономијата.
Професионалните готвачи и љубителите на добрата кујна отсега во објектите на „Метро" ќе можат да најдат артикли, како што се зелен и бел аспарагус, неколку видови черидомати и различни видови зачини: лимонова трева, валеријана, црвен босилок, а по нарачка и цветови за јадење.
Асортиманот на овошје што доаѓа од сите светски меридијани, сега е проширен и со: жолто манго, црно авокадо, папаја, маракуја, карамбола, питаја...
Како што наведуваат од компанијата, новиот проширен асортиман од свежи производи што се единствени на пазарот, ќе им овозможи на потрошувачите да создадат и развијат нови спектари на вкус, мирис и декорација на храната.