
Компанијата „Фруктал“ е добитник на златниот и бронзениот медал Effie 2012. Организацијата Effie Worldwide ги наградува компаниите и медиумските агенции за глобален ефект на пазарната комуникација.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Фруктал" е добитник на златниот и бронзениот медал Effie 2012. Организацијата Effie Worldwide ги наградува компаниите и медиумските агенции за глобален ефект на пазарната комуникација.
Наградата се доделува уште од 1968 година.
• Златен Effie добија „Фруктал" и агенцијата „Пристоп" за брендот Fruc и кампањата „Мој Fruc"
• Сребрен Effie награда добија „Фруктал" и агенцијата „Формитас" за плакатната капања „Плакат за јадење" за брендот Frutabela
• Бронзен Effie ја поделија „Фруктал" и агенција „Пристоп" за кампањата „Нов, леден овошен Ice Tea од „Фруктал", што е обележена со лансирање на производот Fructal Ice Tea
| Горан Медиќ, потпретседател на Управата на „Фруктал":Не е лесно да се биде добитник на признанието за најефикасна кампања во денешниот пазарен натпревар. Освоените признанија потврдуваат дека „Фруктал" темелно работи на развојот на брендовите и создавање на ефектна и креативна маркетинг-стратегија, насочена кон задоволството на потрошувачот. Нашата главна цел е понатамошно јакнење на пазарната позиција на „Фруктал" во регионот и надвор од него. |
Словенечкиот огласувачки фестивал, што ги препознава и наградува најдобрите креативни огласувачки решенија, на „Фруктал" му го додели златниот медал за кампањата „Плакат за јадење", а компанијата се закити со злато и во категоријата ООХ (out of home) огласувања и медиуми (медиумска стратегија, креативна употреба на медиумските канали и интернет).