
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Канцеларијата за ветеринарство на БиХ организираше посета на експерти од Европската унија во фабриките за преработка на животинско месо. Тие по обиколката на погонот изведоа обука за инспекторите кои вршат надзор во избраните објекти.

Канцеларијата за ветеринарство на БиХ организираше посета на експерти од Европската унија во фабриките за преработка на животинско месо. Тие по обиколката на погонот изведоа обука за инспекторите кои вршат надзор во избраните објекти.
Една од петте фабрики опфатени со овој проект е ДОО „Аргета".
Експертите од Европската унија се презадоволни со она што имаа можност да го видат во нашата фабрика. Имено, целиот процес на производство на Argeta е сертифициран според најголемите хигиенски и општи барања, додека системот на работа и документацијата се на високо ниво. Според мислењата на експертите, стандардите во „Аргета" ги задоволуваат потребите за производство на пазарите во Европската унија, што уште еднаш претставува доказ за квалитет, порача Самир Бродовиќ, директор на производството во „Аргета".
Освен во „Аргета", тимот експерти ги посети и компаниите: „Бровис", „Посавина кока", „Памис", „ЗДИ Продукт", „ПЈ Лакташи".