
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Владите на Србија и Хрватска работат на тоа да се потпише договор со кој една лабараторија од ЕУ ќе биде одредена како референтна установа за анализа на млекото во регионот, изјави државниот секретар во Министерството за земјоделство на Србија, Данило Голубовиќ.
Владите на Србија и Хрватска работат на тоа да се потпише договор со кој една лабараторија од ЕУ ќе биде одредена како референтна установа за анализа на млекото во регионот, изјави државниот секретар во Министерството за земјоделство на Србија, Данило Голубовиќ.
Тој истакна дека министерот за земјоделство Горан Кнежевиќ ги повикал ресорните министри од регионот следната недела да присуствуваат во Белград на состанок на кој би се одлучувало по овој предлог. Досега, Кнежевиќ се состанал со министерката за надворешни работи на Хрватска, Весна Пусиќ.
Мислиме дека ако еден ваков договор се потпише, регионот во иднина ефикасно ќе успева да се одбрани од удари како што е сега проблемот со млекото, вели Голубовиќ и додава дека анализите во таа референтна лабараторија би се правеле додека Србија не заврши со изградбата на својата национална референтна лабараторија.
Државниот секретар оценува дека потпишувањето на таков договор е неопходно, бидејќи Србија се нашла во ситуација еден ист примерок на млеко во три различни лабаратории да покаже три различни нивоа на афлатоксин.