
На домашниот пазар, „Кока-кола“ првпат оствари соработка со локалните уметници, кои осмислија шест, потполно уникатни стилови на шишиња, овозможувајќи им на љубителите на овој пијалак, сосема ново Coca-Сola доживување.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На домашниот пазар, „Кока-кола" првпат оствари соработка со локалните уметници, кои осмислија шест, потполно уникатни стилови на шишиња, овозможувајќи им на љубителите на овој пијалак, сосема ново Coca-Сola доживување.

Колекцијата е прикажана преку автентични аудиовизуелни материјали кои го покажаа процесот на настанување на шишињата и работата на уметникот. Уметниците прикажаа како инспирирани од сензациите што се јавуваат при пиењето на овој пијалак, создадоа интересни и уникатни шишиња.
Coca-Сola се ужива со сите сетила, а секоја од овие дизајнирани шишиња дополнително го истакнува тоа. „Кока-кола" веќе ги навикна своите потрошувачи на различни изненадувања, но овој пат отидовме чекор напред. Создадовме шишиња за колекционери, бидејќи љубителите на пијалакот по пиењето, можат да го задржат шишето и да станат сопственици на своевидни уметнички дела, истакна Тања Петровиќ, маркетинг-менаџер на компанијата „Кока-кола".
Посебната лимитирана серија на шишињата Coca-Сola ќе бидат во продажба од летово, во одбрани угостителски објекти низ цела Србија.