
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го намали сопственичкиот удел во „Атлантик група“ и со тоа директно ја зголеми ликвидноста на акциите на компанијата на Загрепската берза.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го намали сопственичкиот удел во „Атлантик група" и со тоа директно ја зголеми ликвидноста на акциите на компанијата на Загрепската берза.

Оваа трансакција е сигнал за успешното завршување на една фаза од развојот на компанијата и подготвеност за нови стратешки чекори. ЕБОР, во приватната понуда која ја водеше инвестициската фирма „Интеркапитал секјуритис", продаде 132.615 акции, што претставува 3,98 отсто од акциите на „Атлантик група". Со задржувањето на сопственичкиот удел во компанијата на 2 отсто, по спроведената трансакцијата, ЕБОР останува стратешки партнер на групацијата и е подготвена за понатамошна поддршка преку различни форми на соработка (докапитализација, нов заем или мезанин-финансирање).
Милјан Здрале, директор во ЕБОР на секторот за агробизнис за Централна и за Југоисточна Европа, изјави: Ние сме многу задоволни од долгорочната соработка со „Атлантик група", како и од развојот и достигнувањата на компанијата во последниве години. Благодарение на моќниот бизнис-модел, стратегијата, како и на мудриот и искусен менаџмент, „Атлантик група" доби репутација на успешна компанија, која е во состојба брзо да се приспособи на променливите услови на пазарот. Со задржување на сопственичкиот удел во компанијата, ЕБОР продолжува да го поддржува развојот и порастот на групацијата, со акцент на прекуграничните и меѓународните активности.
Емил Тедески, извршен директор на „Атлантик група" изјави: Банката ја призна вредноста и потенцијалот на групацијата уште во раните фази од развојот и постојано нè поддржуваше во амбицијата да растеме и да напредуваме. Задоволни сме што ЕБОР останува наш акционер и инвеститор, како партнер кој се фокусира на одржливоста во сите аспекти на бизнисот, вклучувајќи го и проширувањето на развојот на хрватскиот пазарен капитал.
„Атлантик група" и банката имаат долга и успешна соработка, која почна во јуни 2010 година, со влезот на ЕБОР во сопственичката структура на компанијата. Докапитализацијата со која ЕБОР стана косопственик на компанијата, а која е меѓународна финансиска институција поддржана од најголемата аквизиција со која „Атлантик" ја презеде словенечката компанија „Дрога Колинска", сега е целосно успешно интегрирана во „Атлантик група". Со текот на годините, ЕБОР продолжи да го поддржува развојот на групацијата преку два пакета за рефинансирање на кредитните обврски.