
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека одобри кредит во износ од 30 милиони евра на компанијата „Нектар“, за да ја забрза нејзината конкурентност и да ја подобри пазарната и оперативната ефикасност.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека одобри кредит во износ од 30 милиони евра на компанијата „Нектар", за да ја забрза нејзината конкурентност и да ја подобри пазарната и оперативната ефикасност.
Од ЕБОР известуваат дека со овие средства ќе бидат поддржани „Нектар", како и „Фруктал", компанија во нејзино сопствеништво, кои прават сокови од свежо овошје врз основа на проектот на ЕБОР, наречен „Географска индикација".
„Нектар", регионалниот пазарен лидер, ќе му помогне на овој проект така што ќе ја унапреди сертификацијата на малините од Ариље во Србија, се наведува во соопштението.
Врз основа на овој проект, 100 индивидуални производители на малини треба да добијат сертификати. Во проектот „Географска индикација" учествува и Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство.
Кредитот има две транши: 25 милиони евра наменети за рефинансирање на постоечкиот долг, а пет милиони за унапредување на енергетската ефикасност и останати капитални трошоци.
Исто така, банките од Србија и Словенија ќе ги кредитираат „Нектар" и „Фруктал" до 35 милиони евра, што ќе бидат наменети за рефинансирање на долговите.