
„Атлантик група“ оствари ЕБИТДА во износ од 63,6 милиони евра, што е за 16,4 отсто помалку во однос на претходната година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Атлантик група" оствари ЕБИТДА во износ од 63,6 милиони евра, што е за 16,4 отсто помалку во однос на претходната година.

На резултатот најмногу влијаеше падот на приходите, кој беше предизвикан од прекинот на соработката со најголемиот купувач на приватната трговска марка во сегментот спортска и активна прехрана, како и од реструктурирањето на тоа бизнис-подрачје. Влијание имаа и повисоките трошоци за вработените, маркетингот и за услугите, инвестициите за интернационализација на бизнисот, како и неповолниот ефект на српскиот динар и на руската рубља.
Соодветно на намалувањето на ЕБИТДА и на двопроцентниот пораст на амортизацијата, остварениот ЕБИТ е понизок за 23,8 отсто, што се рефлектираше и на нето-добивката на малцинските интереси, која забележа пад од 32,7 отсто. Нето-добивката по малцинските интереси беше намалена за 32,8 отсто и изнесува 21,9 милиони евра.
Вкупниот промет беше намален за 5,1 отсто и достигна до 693 мкилиони евра.
Покрај вложувањето во дистрибуциските капацитети во Западна Европа, „Атлантик" продолжи да ја развива и дистрибуцијата со нови принципали во регионот – „Бим сантори" за пазарите на Србија, Македонија, Црна Гора, Косово и Албанија, како и со шведскиот „Ноко" за западноевропските пазари. Во текот на 2016 година, „Аткантик група" се фокусираше на реструктурирањето на сегментот спортска и активна прехрана, така што ја заокружи годината со многу поефикасен бизнис-модел, кој подразбира помал број производи со поголема профитабилност. Во областа на производството на приватната трговска марка, склучената соработка со новиот партнер продолжува со развој на нови производи, а продолжуваат и преговорите со нови потенцијални партнери.
За вкупниот пораст на приходите од продажбата на „Атлантик", најмногу придонесоа стратешките бизнис-области деликатесни намази (пораст од 9,4 отсто), здравје и нега (пораст од 5,4 отсто), слатко и солено (пораст од 3,1 отсто), како и стратешката дистрибутивна област Хрватска (пораст од 2,2 отсто). Кафето, со удел од 20,8 отсто во вкупните приходи од продажба, се истакнува како најголема поединечна категорија, која оствари повеќе од 142 милони евра. Речиси сите поважни брендови Barcaffè, Grand kafa, Argeta, Smoki, Cedevita, Donat Mg) остварија пораст на пазарниот удел.
Во однос на пазарите, најголем пораст од 4,4 отсто беше остварен на пазарот на Хрватска, кој со уделот во вкупниот приход од 28,8 отсто, е најголемиот пазар за „Атлантик група". По него е пазарот на БИХ, кој го зголеми уделот за 3,9 отсто и во вкупниот приход има удел од 7,8 отсто. Приватните трговски маркина „Атлантик група" учествуваат во продажбата со 67,8 отсто, дистрибуцијата на производите од трговските марки на принципалите со 21,4 отсто, фармацевтскиот синџир „Фармација" со 7,1 отсто, додека производите што групацијата ги произведува како приватни трговски марки за големите трговци во земјата и во странство, учествуваа во вкупната продажба со 3,7 проценти.