
Францускиот трговец „Е. Леклер“ ја прошири е-платформата во Словенија, со воведување на услугата достава на интернет-нарачките на домашна адреса.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Францускиот трговец „Е. Леклер" ја прошири е-платформата во Словенија, со воведување на услугата достава на интернет-нарачките на домашна адреса.

Новата услуга е дополнување на опцијата „клик &колект", која трговецот ја нуди на две локации – во Рудник и во Мосте. Доставата на домашна адреса на почетокот ќе биде ограничена на Љубљана и на непосредното опкружување, а подоцна ќе се прошири и на други делови од земјата.
Доставата е овозможена од договорот, што „Е. Леклер" го склучи со курирската служба ДПД – Словенија, која е дел од групацијата ДПД.
„Е. Леклер драјв" во Словенија беше лансиран во 2014 година. Интернет-базата засега брои околу 16.000 потрошувачи, кои имаат на раслопагање избор од 10.000 производи.