
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Сопственикот на „Агрокор“, Ивица Тодориќ, по преземањето на „Меркатор“ порача дека ќе го развие најмоќниот трговски синџир во регионот и тоа без отфрлање на словенечките доставувачи и без отпуштање работници, пренесува регионалниот бизнис-потрал SEEbiz.eu.
Сопственикот на „Агрокор", Ивица Тодориќ, по преземањето на „Меркатор" порача дека ќе го развие најмоќниот трговски синџир во регионот и тоа без отфрлање на словенечките доставувачи и без отпуштање работници, пренесува регионалниот бизнис-потрал SEEbiz.eu.
Концернот „Агрокор" го купи поголемиот дел од „Меркатор" за вкупно 544 милиони евра. Од тоа 324 милиони се однесуваат на стекнување сопственост, 200 милиони за намалување на финанскиските долгови на „Меркатор" и околу 20 милиони евра за оперативно финансирање на тековното работење.
Двете компании заедно ќе остваруваат речиси 7 милијарди евра годишен приход, ќе вработуваат повеќе од 64.000 работници и ќе бидат водечка компанија во секторот на малопродажбата и производството на храна во регионот и пошироко.
Развојниот пат на Ивица Тодориќ
Кариерата на Ивица Тодориќ почнува во 70-те години, кога со татко му основа приватна фирма за производство на цвеќиња и садници. Сепак, првиот подем почнува дури во текот на 90-те години, кога со приватизацијата станува сопственик на неколку важни компании од прехранбениот сектор и трговија.
Акционерското друштво „Агрокор" е регистрирано во 1989 година, а првата аквизиција беше фабриката за преработка на соја во Задар. Во 1992 година станува сопственик на поголемиот дел од „Јамница" и „Агропрерада", а во 1993 година ја купува и фабриката за масло „Звезда" и ДИП „Туропоље". Следната 1994 година станува сопственик на поголемиот дел од „Ледо", „Конзум", „Силос-млинови", „Бобис" и „Солана Паг".
Откако веќе имаше голем број компании во своја сопственост, Тодориќ ја менува организационата структура на компанијата и во 1995 година го регистрираше концернот „Агрокор".
Во 1998 година станува сопственик на винарската компанија „Јаска вино", позната како „Подрум младина", а следната година „Силос-млинови" и СРЦ „Андријашевци" ги регистрира како „ПИК Винковци".
Почнува со проширување и во соседните земји и во 2000 година купува 97,4% од акциите на „Сараевски кисељак" и ја основа компанијата за производство на сладоледи „Ледо-Читлук". Во 2003 година купува 55,49% од акциите на српски „Фриком" и 51% во трговското претпријатие ТП ДЦ Сараево.
Во 2004 година станува сопственик дури на пет компании. „Конзум" ја купува „Медијатор" од Дубровник и „Слобода" од Осиек. Освен тоа, се шири и на унгарскиот пазар со купување на фабриката за вода „Фоњоди" и фабриката за сладолед „Балдоф", што подоцна е пшреименувана во „Ледо кфт". Потоа купува 58,11% од акциите на поречка „Агролагуна".
Повторно на нишан е Србија, па во 2005 година ја купува фабриката за масло „Дијамант" од Зрењанин и трговскиот синџир „Идеа" од Белград. Во Хрватска истата година станува сопственик на поголемиот дел од „ПИК Врбовец" и „Беља".
Следува пауза од една година и во 2007 година влегува во сопственост на синџирот киосци „Тисак". Во 2009 година „Конзум" го основа „Козмо", чијашто основна дејност е трговија на мало со козметички производи во специјализирани продавници и го продава истата година.
Во 2010 година продолжува проширувањето на земјоделскиот бизнис и станува сопственик на „Вупик".
Последниот во низата аквизиции на Тодориќ е словенечкиот „Меркатор", што е сопственик и на „Гетро". Како сериозен кандидат за купувањето на овој трговски синџир, Тодориќ се спомнуваше уште од почетокот.
Според хрватските медиуми, иако долговите на „Агрокор" се огромни, Тодориќ неодамна дополнително се задолжи во руската „Збербанк", што му одобри кредит од 600 милиони евра за да ги затвори старите долгови и да се подготви за преземање на „Меркатор".
Сепак, како што проценуваат хрватските аналитичари, ова е многу важен чекор за Тодориќ, затоа што мораше да задолжи повеќе од 75 од акциите на „Агрокор".