
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Марбо продукт“, дел од мултинационалната компанија „Пепсико“, во 2015 година обележува дваесет години работење. Освен јубилејот на компанијата, оваа година се обележуваат и дваесет години на Chipsy, првиот бренд во портфолиото на компанијата.
Компанијата „Марбо продукт", дел од мултинационалната компанија „Пепсико", во 2015 година обележува дваесет години работење. Освен јубилејот на компанијата, оваа година се обележуваат и дваесет години на Chipsy, првиот бренд во портфолиото на компанијата.
Како дел од „Пепсико", компанијата „Марбо" се раководи според принципот „Работење со цел", според кој целта на компанијата е производство на врвни производи со постојана посветеност на луѓето, талeнтите и животната средина во која работи.
Големо е задоволството што оваа година обележуваме вака значаен јубилеј на компанијата „Марбо" и на брендот Chipsy. Глобалните и локалните трендови ни покажуваат колку е тешко да се почне, а особено е тешко да се одржи работењето и успехот на брендовите. Поради тоа задоволството е уште поголемо во поглед на дваесетгодишното постоење. Горди сме на нашите вработени и локалните тимови во Србија и Босна и Херцеговина, благодарение на нив, некогаш малата локална компанија стана важен дел од големата мултинационална компанија „Пепсико". Поттикнување на работната средина, локалната иницијативи и проекти станаа дел од поширокиот пазар во Западен Балкан, изјави Мишаил Орфаноудакис, комерцијален директор на „Пепсико"- Западен Балкан.
Во 2008 година „Марбо" станува дел од „Пепсико", по што следуваат бројни инвестиции во луѓе и во производство, како и континуирани иновации во добро познатите локални брендови – Chipsy, Pardon, Gud и Clipsy кои станаа регионални шампиони. Во текот на минатата година „Марбо" доби признание за најдобар работодавец во својата конкурентна индустрија