
Хрватската млекарска компанија „Дукат“, членка на групацијата „Лакталис“, на Загребската берза соопшти дека има намера да објави понуда за комплетно преземање на „Љубљанске млекарне“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Хрватската млекарска компанија „Дукат", членка на групацијата „Лакталис", на Загребската берза соопшти дека има намера да објави понуда за комплетно преземање на „Љубљанске млекарне".
„Дукат" на почетокот на наделата откупи 50,285 отсто од акциите на „Љубљанске млекарне" од холдингот НФД, банката КД, банката „Фактор", фондот „КД Делнишки Доходковни" и „Сава", станувајќи сопственик на поголемиот дел од компанијата. Како што се наведува, компанијата ќе понуди преземање на останатите акции што ќе биде објавено најдоцна идниот месец. Преостанатиот дел од акциите на млекарницата ги имаат „Млекодел", „Дежелна банка" во Словенија, „Задружен сојуз" на Словенија и 33 задруги.
Групацијата „Лакталис" во 2007 година го презема поголемиот дел од „Дукат". Компанијата важи за еден од најголемите светски преработувачи на млечни производи. Компанијата е основана во 1933 година, а денес вработува околу 55.000 луѓе. Минатата година оствари профит од 15,7 милијарди евра, од што 75 отсто на пазарите надвор од Франција.
„Љубљанске млекарне" имаа 550 вработени, а годишно преработува повеќе од 200 милиони литри млеко.