
Од декември минатата година, „Дукат“ почна производство за извоз на трајни млечни десерти во 17 земји, меѓу кои се Лаос, Конго, Нигерија, Камбоџа, Кувајт итн.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Од декември минатата година, „Дукат" почна производство за извоз на трајни млечни десерти во 17 земји, меѓу кои се Лаос, Конго, Нигерија, Камбоџа, Кувајт итн.
Трајните млечни десерти за потрошувачите од овие земји се достапни во 10 овошни вкусови, како и вкусови на чоколадо и ванила. Специфичноста на оваа линија е тоа што производите не мораат да се чуваат на студено место, што ја прави погодна за подолг транспорт и чување во амбиентални услови, истакнуваат од компанијата.
Во проектот се вложени три години развој со низа пилот-производи. Во првата година очекуваме производство на 1.500 до 2.000 тони, бидејќи интересот на потрошувачите за овие пазари засега е големо, рече Ален Фонтана, генерален директор на „Дукат" за Хрваска.
Во „Дукат" очекуваат пораст на продажбата и извозот на млечните десерти преку ширење на нови извозни пазари, пред сè земјите од Јужна Америка, Блискиот Исток, како и земји во Азија и Африка.
Во врска со ситуацијата во млекарскиот сектор, што е соочена со пад на производството, Фонтана рече дека потребно е целиот систем да се мобилизира, со цел решавање на проблемот во секторот. Тој наведе дека „Дукат" за да ја развие суровинската база, го субвенционира купувањето на јуници, а за оваа година се планира и субвенција за набавка на повеќе од 1.000 јуници со сопствени средства, како и кофинансирање на производството на храна. Ако производството на храна е од национален интерес, тогаш тоа треба да се потврди и со акција, истакна Фонтана.