
Дубравко Фолновиќ од први мај ја презеде функцијата директор на продажба во млечната индустрија „Дукат“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Дубравко Фолновиќ од први мај ја презеде функцијата директор на продажба во млечната индустрија „Дукат".
Со новата функција Фолновиќ потполно ќе ја преземе одговорноста за сите сегменти од продaжбата на „Дукат" на пазарот на Хрватска, односно оперативната продажба, продажбата на големите потрошувачи, продажниот хорека-канал, трговски маркетинг и продажба на приватните трговски марки.
Фолновиќ ѝ се приклучи на млечната индустрија „Дукат" во 2008 година на позицијата директор на оперативна продажба, по што ја презеде и одговорноста за продажбата на големите потрошувачи. На функцијата директор на продажба беше од 2011 до 2013 година, кога беше поставен за генерален директор за словенечкиот пазар.
Во 2014 година, во согласност со организациските промени на групацијата „Лакталис" на пазарите на југоисточна Европа, Фолновиќ повторно му се приклучи на хрватскиот тим на лидерското место за продажба.