
Дубровко Томе директорот за логистика во „Загребачка пивовара“ за Хрватска и БИХ, е новиот директор за набавка за Хрватска, Србија, Црна Гора и БИХ.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Дубровко Томе директорот за логистика во „Загребачка пивовара" за Хрватска и БИХ, е новиот директор за набавка за Хрватска, Србија, Црна Гора и БИХ.
Томе има богато искуство стекнато во организацијата „Сеплај чејн", каде што бил задолжен за изградба на дистрибутивно-логистички центар во Запрешиќ, логистички модул за имплементација на увозот на брендот Corona за сите компании на „Молсон Корс" во средна Европа, основање на логистички одделенија и воспоставување на логистички операции за „Молсон корс" – БИХ, оптимизација и воспоставување на ефикасни операции за директна достава на „Загребачка пивовара" за Хрватска и имплеменатација на логистичките процеси на „Загребачка пивовара" во компанијата „ТИА партнерс".’
На новата позиција Дубровко Томе ќе биде одговорен за воведување на ефикасни програми за управување со трошоците во сите аспекти на набавката, заедно со локалните менаџери од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.