
По долгогодишното работно искуство на раководни функции во „Гастро груп“ и „Дукат“, Дубровко Фолновиќ ја презема позицијата директор на „Адриа снек компани“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По долгогодишното работно искуство на раководни функции во „Гастро груп" и „Дукат", Дубровко Фолновиќ ја презема позицијата директор на „Адриа снек компани".
Како што истакнува Иван Артуковиќ, член на управата на „Франк", „Адриа снек компани" е насочен на развој и зајакнување на конкурентноста на брендовите грицки, понатамошно зголемување на категоријата, производствени и технолошки иновации во согласност со глобалните трендови, како и зајакнување на лидерската позиција во јадранскиот регион.
Уверени сме дека Фолновиќ, со своето искуство и стручност, успешно ќе ги реализира овие амбициозни планови и дека со тоа ќе ја зајакне позицијата на групацијата „Франк", додаде Артуковиќ.
„Адриа снек компани" е партнерство, т.е заеднички потфат (join venture) меѓу „Франк" и „Интерснек" и службено почна со работа на 1 октомври 2015 година, во Загреб. Целта на партнерството е реализација на долгорочната стратегија со силен фокус на работењето во сегментот грицки. „Адриа снек компани" управува со работењето (позиционирање и продажба) на програмата грицки, на двете компании, на пазарите во јадранскиот регион.
На 1 јануари 2016 година, „Франк" ја презема дистрибуцијата на брендовите на „Интерснек", при што е одговорен за дистрибуцијата на целото портфолио на „Адриа снек компани", за хрватскиот пазар.