
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Друштвото „Биснод“ и Словенечката агенција за јавно-правна евиденција и услуги ја објавија листата на 50 најголеми домашни извозници, чиешто прво место го држи фармацевтскиот гигант „Крка“. Листата беше објавена на Конференцијата на словенечките извозници што се одржа во Љубљана.
Друштвото „Биснод" и Словенечката агенција за јавно-правна евиденција и услуги ја објавија листата на 50 најголеми домашни извозници, чиешто прво место го држи фармацевтскиот гигант „Крка". Листата беше објавена на Конференцијата на словенечките извозници што се одржа во Љубљана.
Според листата на „Биснод" и Агенцијата, објавена од списанието „Финанце", „Крка" минатата година на странските пазари оствари продажба од 1,06 милијарди евра, а извозот е 95% од приходот на компанијата.
Меѓу 50-те најголеми словенечки извозници од секторот стока за широка потрошувачка се „Дрога Колинска" и „Палома". „Дрога Колинска" е на 23 место со продажба од 113,48 милиони евра на странските пазари. Уделот на извозот во вкупниот приход на компанијата изнесува 68%. „Палома" е на 41 место, со извоз во вредност од 63,7 милиони евра, што е 82,2% од целокупните приходи.