
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Маркетинг-тимот на компанијата „Др.Еткер“ ги претстави резултатите остварени во 2014 година. Како најголем приоритет беа истакнати иновациите, квалитетот на производите и задоволството на потрошувачите, стратегија што ќе продолжи во следниот период.
Маркетинг-тимот на компанијата „Др.Еткер" ги претстави резултатите остварени во 2014 година. Како најголем приоритет беа истакнати иновациите, квалитетот на производите и задоволството на потрошувачите, стратегија што ќе продолжи во следниот период.
Во текот на 2014 година на српскиот пазар се појави 31 нов производ, влкучувајќи ги потполно новите производи, како и проширувањето на асортиманот со нови вкусови и пакувања. Пред секое лансирање се спроведуваат детални истражувања, со цел производите да бидат соодветни на новите барања и потреби на потрошувачите. Меѓу корисниците најпопуларни се оние производи што брзо и лесно се подготвуваат, изјави Наташа Предиќ, маркетинг-менаџер во „Др.Еткер".
Според нејзините зборови, во фокусот е новото портфолио на Dekor во мали, практични пакувања. Овој асортиман од разновидни производи нуди бројни можности за создавање на оригинални слатки комбинации.