
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Бугарските производители на вино имаат дозвола да додаваат шеќер за да го зголемат количеството на алкохол во пијалаците, изјави Красимир Коев, директор на Агенцијата за вино (EAVW), која ја донесе оваа мерка по барање на домашните винарници.
Бугарските производители на вино имаат дозвола да додаваат шеќер за да го зголемат количеството на алкохол во пијалаците, изјави Красимир Коев, директор на Агенцијата за вино (EAVW), која ја донесе оваа мерка по барање на домашните винарници.
Производителите на вино тврдат дека поради лошите временски услови во 2014 година, грозјето има пониска содржина на шеќер. Во Бугарија, во последните пет години постоеше забрана за додавање на шеќер во виното.
Производителите планираат да ја искористат предноста на ова одобрение, а EAVW ќе го контролира количеството на додадениот шеќер, за да се спречи злоупотребата на ова одобрение.