
Компанијата за преработка на риба „Кромарис“ од неодамна е на листата на деловни субјекти на кои им е дозволен извоз во Русија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата за преработка на риба „Кромарис" од неодамна е на листата на деловни субјекти на кои им е дозволен извоз во Русија.
За сместувањето на оваа листа земена е предвид и гаранцијата од Управата за ветерина при Министерството за земјоделство на Хрватска. „Кромарис", која е членка на групацијата „Адрис", од 2009 година до денес го зголеми годишното производство на риба и производи од риба од 900 на 3.000 тони.
Зголемувањето на производството, а и фактот дека од нивното севкупно производство, 60% оди во извоз, најмногу во Италија, придонесува за севкупниот развој на хрватското рибарство и отвора нови можности на големиот руски пазар, наведуваат од Министерството за земјоделство.