
Во истражувањето Trusted Brand 2013, што е спроведено во текот на септември и октомври минатата година, учествуваа 1.000 потрошувачи од Словенија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во истражувањето Trusted Brand 2013, што е спроведено во текот на септември и октомври минатата година, учествуваа 1.000 потрошувачи од Словенија.
Довербата значи познавање на трговските марки, сметаат 82 отсто од Словенците. Потрошувачите ѝ веруваат на трговската марка ако таа е сигурна, а компанијата нуди висококвалитетни производи, односно услуги, се некои од заклучоците од истражувањето што е организирано и спроведено во рамките на магазинот Reader's Digest.

| На довербата влијае и разбирањето на потребата на купувачите од страна на производителите, но и искуствата во врска со купувањето и користењето на трговските марки, објаснува главната уредничка на магазинот Reader's Digest, Лидија Петек (на сликата). |
Според нејзините зборови потрошувачите од Словенија ги купуваат оние трговски марки на кои им веруваат. Во нив спаѓаат производите што потрошувачите ги знаат и кои веќе ги пробале, но и оние што веќе им се препорачани од пријателите или кои добиле награда. За купувањето на трговски марки препорачани од пријателите или роднините се одлучиле 75 отсто од потрошувачите од Словенија.
Доколку непозната или помалку позната трговска марка освои награда од пошироката јавност, околу 67 отсто би се одлучиле за неа. Доколку наградата ја додели стручното жири, за 61 отсто од испитаниците тоа е доволна мотивација да го пробаат производот, додека 79 отсто од Словенците ќе се одлучат за купување на непозната трговска марка доколку ја носи ознаката Trusted Brand.
Резултатите од истражувањето го покажуваат и следново: