
„Сбербанк“ и управата на „Агрокор“ треба идната недела да потпишат договор со кој, банката ќе учествува со 1,1 милијарда евра за продолжување на процесот на договарање.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Сбербанк" и управата на „Агрокор" треба идната недела да потпишат договор со кој, банката ќе учествува со 1,1 милијарда евра за продолжување на процесот на договарање.
Наплатата на целиот или на поголемиот дел од побарувањата може да очекуваат доверителите кои имаат хипотеки и финансиерите што учествуваат во рол-ап кредити. Сите други партнери на „Агрокор" ќе мораат лавовски да отпишат дел од своите побарувања (меѓу 50 и 80 отсто) и да се задоволат со акции во новиот „Агрокор".
Проценката на вредноста на компаниите на „Агрокор" потврди голема диспропорција меѓу вредноста на имотот и долговите. Таа се движи од 1,8 до 3,8 милијарди евра, додека вкупниот долг на „Агрокор" изнесува 7,6 милијарди евра.
За компаниите што не се под вонредната управа, како „Меркатор" и „Фриком", проценетата вредност е намалена за долговите.
За доверителите најмногу вреди „Јамница", меѓу 393 и 577 милиони евра, следува „Ледо" - од 224 до 348 милиони евра, „Беље" - од 150 до 368 милиони евра, како и „Конзум" - од 140 до 336 милиони евра.
За повеќето доверители наплатата ќе зависи од деловниот успех на новиот „Агрокор". Доколку раздолжениот „Агрокор" продолжи успешно да работи, тие како акционери, ќе имаат можност да наплатат значителен дел од долгот преку идните дивиденди или преку продажба на акциите.
Добар пример е „Певец", кој по стечајот премина во рацете на доставувачите и на банкарите. Денес е здрава компанија чија вредност на акциите се зголеми за неколку пати.